Top Sport

Совршенство! Женскиот тим на Барса комплетираше сезона со 30 победи во 30 меча

Барселона Фемени, женскиот состав на гигантот од Каталонија, стигна до 2:1 победа над Атлетико Мадрид за да ја комплетира неверојатната совршена сезона 2021/22 со 30 победи во 30 меча за трета титула еднопоруго.

Тимот на Луис Кортес веќе ја обезбеди титулата на 13 март по доминантната 5:0 победа во женското „Ел класико“ против Реал Мадрид на шест кола пред крајот. Блауграна имаат 159 дадени гола и 11 примени гола во текот на целата сезона.

Со еден освоен трофеј, Барса се на добар пат за втора тројна титула – играат во финалето на Лигата на шампионите против Лион на 21 мај, а четири дена подоцна играат во полуфиналето на Копа де ла Реина против Реал Мадрид.

Scroll to Top