Светскиот рекет број 2, Данил Медведев признава дека следењето на вестите од Украина се „многу вознемирувачки“, но признава дека се надева дека Вимблдон ќе ја смени одлуката и ќе му дозволат да настапи.
Шампионот од САД опен се враќа на тениските терени по петнеделно отсуство на Женева опен во Швајцарија, откако имаше операција на хернија.
„Имав малку повеќе време да следам што се случува, и да, вестите се многу вознемирувачки. Во мојот живот се обидувам да го почитувам секое мислење, бидејќи секој човек е поинаков. Ако покажете тениско топче на 100 луѓе, сигурен сум дека некои ќе кажат дека е зелено, а некои дека е жолто. Јас мислам дека е жолто, но ќе почитувам ако некој каже дека е зелено“, призна тој пред новинарите, откако во февруари изјави дека тој е за „мир“.
Иако Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) советуваше суспензија за сите руски и белоруски спортисти, АТП и ВТА турнејата дозволија тенисерите и тенисерките да играат како неутрални спортисти, но Вимблдон реши да не го следи овој пример.
„Не знам дали нивната одлука е 100 отсто дефинитивнаа. Ако можам да играм, тогаш ќе бидам на Вимблдон бидејќи го сакам тој турнир“, вели Медведев, кој лани стигна до осминафиналето на турнирот.