Top Sport

Гвардиола им порача на Саутемптон: Победете ги Ливерпул со 4:0!

Пеп Гвардиола вели дека Саутемптон можат да ги победи Ливерпул со 4:0 и да им направат услуга на Манчестер сити откако тие денеска одиграа 2:2 во трилер натпревар кај Вест хем.

Ријад Марез утна пенал во финишот на мечот за „граѓаните“ да пропуштат победа, но сепак, да избегаат на 4 поени пред Ливерпул на врвот на табелата. Ливерпул во вторник ќе игра против Саутемптон и може да ја намали разликта на 1 поен пред последното коло, но Гвардиола се надева дека тимот на Ралф Хазенхитл ќе направи изненадување на „Сент Мерис“ и ќе им ја осигура титулата.

„Што можата да направат? Да ги победат Ливерпул со 4:0! Против ваков Ливерпул не можете да ја освоите титулата на четири кола пред крајот, туку морате да се борите до крај. Привилегијата за нас е тоа што последниот меч го играме дома и сами одлучуваме за судбината. За една недела, нашиот стадион ќе биде полн и гласен и ќе го дадеме нашиот живот за нив и тие ќе го дадат својот живот во 95 минути. Тоа е привилегија“, вели Гвардиола.

Scroll to Top