Top Sport

Леванте го „повлече“ Алавес кон втората лига, Реал и Барселона без победи

Леванте, клубот на македонскиот репрезентативец Енис Барди кој веќе испадна во втората шпанска лига, го „повлече“ и Алавес со нив по 3:1 победата во претпоследното коло во Ла лига, во кое Реал Мадрид и Барселона не успеаја да стигнат до победи, а Атлетико Мадрид и Севилја одиграа 1:1 во дербито на колото.

Алавес поведе во Валенсија преку Хоселу во 36. минута од мечот, но Леванте се врати во второто полувреме со головите на Дуарте (53.) и Марти (75.), пред капитенот Моралес во 95. минута да стави точка на мечот. Со овој резултат Леванте го прескокна Алавес на претпоследното место на табелата, и ги остави во борба за опстанок пред последното коло – Мајорка, која со 2:1 го совлада Рајо Валјекано на Столе Димитриевски, Кадиз, кои извлекоа 1:1 реми со Реал Мадрид и Гранада, која загуби со 2:0 на гости кај Реал Бетис.

Маријано Дијаз уште во 5. минута ги донесе „кралевите“ во водство против Кадиз, но домаќините израмнија преку Рубин Собрино во 37. минута. Кадиз имаа совршена шанса за победа, но Алваро Негредо не успеа да погоди од белата точка во 61. минута.

На „Ванда Метрополитано“, Атлетико поведе преку Хименез во 30. минута, пред Ел Несири да израмни преку Ел Несири во 85. минута.

ЛА ЛИГА, 37.КОЛО

Атлетик Билбао – Осасуна 1:0

Атлетико Мадрид – Севилја 1:1

Реал Бетис – Гранада 2:0

Кадиз – Реал Мадрид 1:1

Селта Виго – Елче 1:0

Хетафе – Барселона 0:0

Леванте – Алавес 3:1

Мајорка – Рајо Валјекано 2:1

Вилјареал – Реал Сосиедад 1:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top