Top Sport

Џерард: Уште не сме го минале Шкупи

Менаџерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард вели дека е задоволен од 2:0 победата над Шкупи во првиот конкурентен меч како прв човек на шкотскиот гигант, но вели дека има „уште многу работа“ пред реваншот во Скопје.

Со головите на Џејми Марфи и капитенот Џејмс Таверниер, Ренџерс стигнаа до релативно лесна победа на „Ајброкс“ во квалификацискиот натпревар за Лига Европа, но поранешниот капитен на Англија и на Ливерпул вели дека е помалку нервозен што двомечот не беше решен уште во Шкотска.

„Задоволен сум од резултатот, задоволен од дел од играта, но ништо повеќе од задоволувачко. Мислам дека има многу позитивни работи од мечот, но една грижа е што не победивме поубедливо и не го решивме патникот понатаму уште сега. Имавме доволно шанси да бидеме поубедливи, но уште има за што да се игра и во реваншот“, изјави Џерард за официјалниот веб-сајт на клубот.

Реваншот е во Скопје во вторник, додека шкотската лига почнува на 5 август.

Успешно деби на Стиви Џи, Ренџерс славеше над Шкупи (Видео)

Scroll to Top