Top Sport

Успешно деби на Стиви Џи, Ренџерс славеше над Шкупи (Видео)

Шкупи со два гола негатива се враќа од гостувањето во Глазгов, во првото квалификациско коло во Лига Европа. На култниот „Ајброкс парк“, шкотскиот великан Ренџерс го победи Шкупи со 2:0 (1:0).

Натпреварот против Шкупи, вечно ќе го памети легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, бидејќи ова беше натпреварот со кој тој и официјално ја започна тренерската кариера.

На дебито на Џерард, на „Ајброкс парк“ имаше 50.000 навивачи.

Шкупи добро одигра добар натпревар против домаќинот, а за подобар резултат екипата од Чаир немаше и спортска среќа. Љамчевски во 14.минута го погоди дирекот, а Ренџерс вториот гол го постигнаа од пенал во 90.минута.

Домашните фудбалери имаа повеќе од играта, а откако дирекот ги спаси да не примат гол, успеаја да дојдат во предност со голот на Марфи во 22.минута.

Истиот играч беше фаулиран на почетокот на судиското надополнување на времето, судијата покажа на белата точка, а Таверние го постави конечниот резултат.

Реванш натпреварот ќе се одигра во Скопје наредната недела.

Scroll to Top