Џакомо Распадори и директорот на Сасуоло, Џовани Карневали најавија дека нема да има никакво „попуштање“ против Милан во одлучувачкиот меч за скудетото, бидејќи ќе одат на победа.
На „росонерите“ им е потребен само поен за да ја осигураат првата титула од 2011 година, а дури може да загубат доколку Интер не ја победи Сампдорија на „Сан Сиро“ во недела навечер. Двата меча се играат во недела во 18 часот, а Сасуоло и Сампдорија немаат никаков резултатски мотив во мечевите.
„Нема да направиме ништо поинаку од обично – на секој натпревар оиме на победа и до крај сме професионалци. Тој менталитет ни донесе резултати оваа сезона и не знам зошто би го менувале тоа“, вели Распадори.
И спортскиот директор Карневали сакаше да ги увери Интер дека нема да има опуштање во последнот около.
„Јасно е дека има голем интерес за неделниот меч и има невообичаено висока побарувачка на билети. Тоа ќе биде фестивал на фудбалот, но и меч кој ќе се одигра со целосен професионализам. Одиме на победа“, изјави Карневали.