Кошаркарите на Мајами Хит со победа го отворија финалето во Источната конференција во НБА лигата. Мајами, во првиот натпревар од серијата, славеа над Бостон Селтикс со 118:107.
Мајами до победата ги предводеше Џими Батлер. Крилниот играч натпреварот го заврши со 41 поен, 27 од нив постигна во второто полувреме. Батлер во статистиката запиша и девет скока, пет асистенции, четири украдени топки и три блокади.
Бостон доби три од четирите четвртини, загубија поради катастрофалната игра во третиот период, во кој погодина само два шута од поле. Мајами третиот период го доби со 39:14.
Покрај Батлер, кај Мајами се истакнаа и Тајлер Хиро со 18 и Гејб Винсент со 17 поени.
Бостон го предводеа Џејсон Тејтум со 29 и Џејлен Браун со 24 поени и 10 скока.
Вториот меч од серијата ќе се одигра ноќта помеѓу четврток и петок, домаќин повторно ќе биде Мајами.