Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман во француската Лига 1. За многумина наградата не завршила во вистински раце и имаат силни аргументи за оваа теза.
Италијанецот годинава бранеше само на 16 од можните 38 натпревари во францускиот шампионат, што значи помалку од 50 отсто од натпреварите.
Исто така, на само пет од тие 16 натпревари, успеал да ја сочува мрежата недопрена. Интересно е што Бенитез од Ница и Селс од Стразбур имаа 14, односно 13 натпревари, на кои не примија гол и далеку поголем број одбрани од Донарума.
„Точно е дека не бранев на повеќе од половина натпревари, но кога бев на голот добро ја завршив работата. Среќен сум за наградата“, истакна Донарума кого очигледно не беше допрен од критиките упатени на негова адреса.
It's a huge honour to receive this award. Thanks for everyone who voted for me! ??#tropheesunfp pic.twitter.com/B7o2N8O4Ni
— Gianluigi Donnarumma (@gigiodonna1) May 15, 2022