Легендата на Рома, Франческо Тоти вели дека ќе се обиде да го убеди Пауло Дибала да си најде нов дом во римската престолнина, откако Аргентинецот потврди дека заминува од Јувентус на крајот на сезоната, откако не успеаја да дојдат до нов договор.
Повеќе тимови во Италија и во Европа се заинтересирани за „Ла хоја“, но Тоти вели дека ќе го искористи својот авторитет да го убеди Дибала да премине во тимот на Жозе Мурињо кога ќе се сретнат на „Сан Сиро“ следната недела во добротворен меч организиран од Самуел Ето.
„Ќе видиме дали ќе го донесам во Рим. Ќе се сретнам со него во понеделник и малку ќе го убедувам. Ќе играме заедно за мечот на Ето и ќе му дадам неколку совети. Ако луѓето во Рома се согласуваат, нормално“, вели Тоти.