Top Sport

Тебас експлицитен: Барселона не може да го купи Левандовски

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, тврди дека Барселона нема шанси да го донесе Роберт Левандовски во летниот преоден рок. Тебас се повикува на финансиските прописи кои лани беа клучни за заминувањето на Лионел Меси. Првиот човек на Ла Лига откри дека трансферот и платата на Левандовски не може да се вклопи во финансиите на клубот.

Во разговор со „Марка“ на тема Барса и Левандовски, Тебас рече.

„Бројките се едноставна работа. Кога имаш загуба од над 500.000.000 евра во последните две години, прво треба да ја покриеш, а потоа да донесеш играчи. Левандовски има договор со Баерн на уште една година, па кога ќе се земе во предвид неговата плата и сумата што ја бараат Германците за обесштетување, не гледам како Барселона би можела да го доведе“.

Во теорија, спас може да биде продажбата на играчи. На пример, Френки де Јонг, кој може да заврши во Манчестер Јунајтед.

„Тоа би можело да биде решение, но зависи од тоа за клоку пари ќе го продаде Барселона овој играч. На пример, од целата пресметка, која вклучува продажба на играчи, па исплатена отштета и плата за другиот, Барселона би трабала да биде во плус од 100.000.000 евра. Де Јонг може да го донесе тоа. Ако воопшто планираат да го продадат“, изјави Тебас.

Според информациите на медиумите, Левандовски договорил тригодишен договор и годишна плата од 9.000.000 евра. Баерн веројатно би прифатиле обесштетување од 40.000.000 евра.

Scroll to Top