Серија А објави дека Виктор Осимен од Наполи е најдобра млад игра оваа сезона. Нигериецот престижната награда ја доби пред Душан Влаховиќ кој сезоната ја почна во Фиорентина, а ја заврши во Јувентус.
Душан Влаховиќ блесна во овогодинешното издание на Серија А, најпрвин во дресот на Фиорентина, а потоа го направи трансферот во Јувентус каде продолжи со одличните партии достигнувајќи вкупно 24 гола.
Сепак тоа не му беше доволно да ја добие наградата, која заврши во рацете на Виктор Осимен. Нигериецот беше еден од најдобрите играчи на тимот на Наполи, постигна 14 гола во сезоната.
Осимен во Наполи дојде од Лил,за сума од 75 милиони евра.
Во летниот преоден рок тој ќе биде трансфер желба на бројни европски великани, а најконкретен е Манчестер Јунајтед.
Од Наполи истакнаа дека не сакаат да го пуштат за помалку од 100 милиони евра. Наводно меѓу заинтересираните бил и Арсенал.