Top Sport

Леклер на пол-позицијата во Шпанија

Возачот на Ферари и актуелен лидер во генералниот пласман, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата, во пресрет на трката за Големата награда на Шпанија.

Леклер, во последните секунди од квалификациите успеа да постави најдобро време, 1:18.750 минути. Возачот од Монте Карло 13.пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата.

Веднаш до Леклер трката ќе ја започне светскиот првак, Макс Ферстапен. Во вториот ред се Карлос Саинц од Ферари и Џорџ Расел од Мерцедес.

Ред Булот на Серхио Перез и Мерцедесот на Луис Хамилтон ќе стартуваат од петото и шестото место.

Траката за Големата награда на Шпанија, утре ќе започне во 15 часот.

Scroll to Top