Кошаркарите на Анадолу Ефес ја одбранија титулата во Евролигата. Во драматичното финале, во Белград, Ефес го победија Реал Мадрид со 58:57 (15:14, 19:15, 8:11, 18:15). За Ефес ова е втора титула во Евролигата. Ефес, исто така, стана само третата екипа која успеала да биде последователен шампион во модерната Евролига. Пред нив успеаја Макаби (2004, 2005) и Олимпијакос (2012, 2013).
Одбраните на двата тима доминираа во финалето. Реал подобро го отвори натпреварот, Таварез доминираше во првата четвртина во која забележа 12 поени и седум скока. Неколку пати Реал имаа седум поени предност, но Ефес во ниту еден момент не дозволи противникот да стекне двоцифрена предност.
Пресвртот Ефес го најавија во финишот на третата и почетокот на последната четвртина. Најпрвин предноста на Реал од девет поени ја намалија на два, а потоа и дојдоа до плус од пет поени.
До крајот се водеше голема борба, Реал во финишот не реализираа две слободни фрлања, а веројатно клучниот момент се случи на 90 секунди до крајот кога на тројката на Дек, одговори Мициќ.
Љуљ пороа намали на 58:57, а до крајот Ефес успеаја да ја одбранат победата.
Мициќ го предводеше Ефес со 23 поени, но клучен играч беше Германецот Плајс со 19 пеони и седум скока. Плајс 17 поени постигна во второто полувреме, 10 од нив во последната четвртина.
За МВП на завршниот турнир е прогласен бекот на Ефес, Василије Мициќ.