Top Sport

Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ

ПСЖ пред почетокот на натреварот со Мец, со кој ќе заврши сезоната во Лига 1, потврди дека Килијан Мбапе ќе го продолжи договорот до јуни 2025 година.

Мбапе заедно со претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи позираше со дрес на кој беше испишан бројот 2025.

„Отсекогаш сум велел дека Париз е мојот дом. Сакам да освојувам титули овде и убаво да се забавувам“, изјави вечерва Мбапе, решавајќи ги сите дилеми околу неговата иднина.

Клубот не ги објави финансиските детали од договорот. Медиумите шпекулираат дека за три години ПСЖ само за договорот на Мбапе ќе издвои 300.000.000 евра.

 

Scroll to Top