Top Sport

Ла Лига поради Мбапе ќе го тужи ПСЖ

Шпанската Ла Лига издаде официјално соопштение во кое вели дека ќе го тужи ПСЖ кај УЕФА за наводно кршење на финансискиот фер-плеј при преговорите за продолжување на договорот со Килијан Мбапе.

Првиот човек на двата највисоки ранга на шпанскиот фудбал (Примера и Сегунда), Хавиер Тебас, чекаше да се официјализира одлуката на Мбапе, а сега кога тоа се случи, Ла Лига ќе ја продолжи борбата на суд.

Аргументот на Шпанците се темели на тоа што ПСЖ лани направил загуба од 300 милиони евра, а според некои информации само бонусот што Мбапе ќе го добие за потпишувањето на договорот изнесува околу 130.000.000 евра.

Тебас рече дека тоа е „навреда за фудбалот“ и дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е „поопасен од Супер лигата“.

 

Scroll to Top