Двајца навивачи се ранети, а повредени се над 10 полицајци во нередите што доцна синоќа се случија на автопат по дербито меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит во Хрватска.
Навивачката група на тимот од Сплит влегла во пресметка со полицијата. Најмалку десет члена на „Торцида“ се пресметувале со полицајците, а огромна бројка се уапсени. За да го смири нередот, полицијата морала да употреби огнено оружје при што биле ранети двајца навивачи.
Хаосот започнал кога навивачите на Хајдук ги блокирале сите три ленти од автопатот и околу 150 од нив излегле од возилата. Сите биле вооружени, па затоа полицијата морала да користи и огнено оружје.
Автопатот каде што се случи инцидентот е блокиран.