Top Sport

Вигинс „на постер“ го стави Дончиќ

Голден стејт Вориорс, водат со 3-0 во финалната серија на Западот. Вориорс направија брејк во Далас, со победата 109:100.

Лука Дончиќ може да жали што Маверикс повторно му го уништија фантастичното издание во кое постигна 40 поени. Покрај тоа, Словенецот се најде на погрешната страна на најатрактивниот потег во овогодинешниот плеј-оф.

Него на постер го стави првиот пик на драфтот во 2014 година, Ендрју Вигинс.

Дури и Дончиќ му оддаде почит на противникот.

„Ме удри малку, но беше импресивно, нема да лажам. Ја видов снимката и си помислив: „Ах, барем да можам и јас да имам таков одраз“.

Вигинс мечот го заврши со 27 поени и 11 скока и беше втор најдобра стрелец во својот тим.

 

Scroll to Top