Во текот на сезоната, фудбалскиот портал „Goal.com“ ја ажурира својата листа на фаворити за освојување на наградата „Златна топка“ во 2022 година. Порталот го рангира најдоброто, имајќи ги предвид сите елитни натпреварувања, и клупски и репрезентативни. Во последното издание на ова рангирање, на самиот врв се играчите на финалистите од Лигата на шампионите – Реал Мадрид и Ливерпул.
На првото место на оваа ранг листа е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Французинот сезонава постигна нереални 47 гола и 15 асистенции во сите натпреварувања, ја освои Ла Лига, УЕФА Лигата на нации и Суперкупот на Шпанија.
На втората позиција е напаѓачот на Ливерпул Садио Мане. Фудбалерот на Сенегал во актуелната сезона има 29 гола и пет асистенции, а од трофеите на „контото“ ги има Африканскиот куп на нации, ФА Купот и Лига купот.
Трет е соиграчот на Мане, Мохамед Салах. Египетската суперѕвезда освои две куп натпреварувања во Англија, а заедно со Сон од Тотенхем, Салах ја подели титулата најдобар стрелец во Премиер лигата за сезоната 2021/2022. Тој постигна вкупно 33 гола во сезоната и имаше 19 асистенции во сите натпреварувања.
На четвртото место е Роберт Левандовски од Баерн (56 гола, 11 асистенции, Бундеслига, Суперкуп на Германија), а на петто е Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен (48 гола, 31 асистенција, Француска Лига 1, УЕФА Лига на нации) .
Погледнете го редоследот на останатите фудбалери од списокот што го обезбеди „Goal.com“:
6. Кевин де Брујне (Манчестер Сити)
7. Винисиус Јуниор (Реал Мадрид)
8. Лука Модриќ (Реал Мадрид
9. Фил Фоден (Манчестер Сити)
10. Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).