Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, не сакаше да ја коментира одлуката на Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, односно да не му се придружи на „Сантијаго Бернабеу“. Поточно, ја означи како небитна во овој момент, кога е максимално фокусиран кон финалето во Лигата на шампионите.
„Мбапе? В сабота играме финале во Лигата на шампионите. Сега не е време да размислувам и да разговораме за небитни работи. Не сум лут, туку сум фокусиран на Лигата на шампионите, тоа е многу поважно. Инаку, секој одлучува за себе, а јас сега размислувам единствено за финалето“, изјави Бензема.
Французинот додаде дека и фотографијата со „Тупак“ на неговиот Инстаграм не била наменета за Мбапе, иако означува „предавство“.