Top Sport

Куни Моралес останува уште една сезона во РК Вардар

Десниот бек Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во „црвено-црниот“ дрес и следната сезона. Кубанскиот интернационалец стана миленик на публиката и важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува. Поради ова раководството сакаше да го задржи во тимот на Давид Дејвис.

Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот. Неговите голови беа и дел од Топ-5 голови на колото во лигата на шампионите и во СЕХА лигата.

„Бескомпромисен борец и вистински професионалец, и на задоволство на двете страни е продолжена соработката за најмалку уште една сезона. Моралес и во иднина ќе ги „кине“ ривалските мрежи, не само во домашното првенство туку и во Лигата на шампионите“, истакнуваат од РК Вардар.

 

Scroll to Top