Дуел на две врвни репрезентации, а не на Давид против Голијат, очекува фудбалскиот свет во финалето на Светското првенство.
Хрватите изненадувачки, но заслужено ќе се борат за трофејот, додека Французите и пред почетокот на шампионатот, во сите анализи фигурираа како фаворити за титулата.
Селекторите Диедие Дешам и Златко Далиќ нема многу да менуваат во стартните состави, иако Франција има проблем со повредата на Блез Матуиди, а кај Хрватите неизвесни се Иван Стриниќ и Иван Перишиќ.
Доколку Матуиди не може да игра, негова замена ќе биде Корентан Толисо, а кај Хрватска Пивариќ е алтернативата за Стриниќ, а Крамариќ за Перишиќ. Не е исклучено Далиќ, без оглед на тоа во каква здравствена состојба е Стриниќ, од стартото да започне со Пивариќ.
Франција: Љорис-Павар, Варан, Умтити, Хернандез-Канте, Погба-Матуиди, Гризман, Мбапе-Жиру.
Хрватска: Субашиќ-Врсаљко, Ловрен, Вида, Стриниќ (Пивариќ)-Брозовиќ, Ракитиќ-Перишиќ(Крамариќ), Модриќ, Ребиќ-Манџукиќ.
Овие две селекции досега одиграле пет натпревари, Франција има три победи, Хрватска ниту една. Франција и Хрватска игра и пред 20 години на Светското првенство, кога Франција со двата гола на Турам ја порази Хрватска 2:1, а подоцна ја освои својата прва титула во историјата.
Дуелот на „Лужники“ ќе започне во 17 часот.