Top Sport

Маркез победи во Германија пред двете Јамахи

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, победи на трката за Големата награда на Германија. Зад актуелниот шампион се пласираа возачите на јамаха, Велтнито Роси и Маверик Вињалес.

Маркез, во Германија, ја продолжи неверојатната доминација на патеката Захсенринг. Шпанецот доминира на оваа патека од 2010 година, а од 2013 година му нема рамен во „кралската класа“.

Иако беше апсолутен фаворит на оваа трка, Маркез мораше да вложи максимални напори за да стигне до победата. На стартот водеше борба со Роси, а птооа и со идниот тимски колега Хорхе Лоренцо.

Откако го мина Лоренцо, позицијата на Маркез беше сигурна, додека борбата се водеше за местата на пиедесталот. Роси и Вињалес беа поуспешни од конкурентите.

Бодови во Германија освоија уште Петручи, Баутиста, Лоренцо, Довициозо, Педроса, Зарко и Смити.

Деветтата трка во сезоната ја обележе и отсуството на Алеш Еспаргаро, кој на загревањето имаше теок инцидент. Еспаргаро се здобил со потешки повреди на градниот кош и поради тоа е хоспитализиран.

Scroll to Top