Top Sport

Од Сити инсистираат: Јунајтед потрошија повеќе од нас, а ние имаме 11 титули!

Генералниот директор на Манчестер сити, Феран Соријано инсистира дека Ерлинг Халанд се решил да потпише за англискиот шампион поради спортскиот проект, а не парите, посочувајќи дека голем број на европски клубови, како Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Реал Мадрид можеле да му дадат идентична плата.

„Тој не избра нас. Ги видовте бројките за трансферот и тие се во разумни граници. Платата која е му ја даваме е сооветна. Му го презентиравме спортскиот проект, а истите пари можеа да ги дадат и Манчестер јунајтед, Реал Мадрид или Баерн Минхен. Тој не избра нас и ние сме среќни со таа одлука. Нашата цел е да играме убав фудбал и да победуваме, а не да имаме ѕвезди. Ни недостасуваше напаѓач, некој како Серхио Агуеро и баравме замена цела година“, вели Соријано.

Тој се брани од обвинувањата дека Манчестер сити трошат премногу пари.

„Кога се работи за приходи, Манчестер јунајтед е најпрофитабилниот од англиските клубови. Ние немаме повеќе кеш од нив, туку помалку. Колку потрошија Јунајтед во последно време, а колку Сити? Да, ако се погледнат бројките, Јунајтед потроши повеќе, а Сити има 11 титули, а Јунајтед една или две и ниту една во лигата“, додава Соријано.

Scroll to Top