Top Sport

Кеси потврди: Совршен начин да се збогуваш со Милан е со скудето

Франк Кеси потврди дека си заминува од Милан како слободен агент, посочувајќи дека „најдобар начин да се збогуваш“ е со скудето, пред најавениот трансфер во Барселона.

Фудбалерот од средниот ред од Брегот на Слоноват Коска не се договори за обновување на договорот со „росонерите“ и од 30 јуни е слободен агент.

„Ова беа пет многу важни години во кои навистина се посветив на проектот. Среќен сум за градот, за клубот, за фановите, за тренерот, но и за мене и за моето семејство. Ова е последен месец од мојот договор тука, но во овие пет години успеавме да се вратиме во Лигата на шампионите и да го освоиме скудетото. Го направив тоа за што дојдов тука и ова е најдобар начин да се збогуваме“, вели Кеси.

25-годишниот Кеси цела своја кариера ја помина во Италија, откако во 2015 година пристигна во младинската академија на Аталанта, по што беше позајмен во Чезена, пред во 2017 да направи трансфер во Милан за 32 милиони евра. Оваа сезона тој постигна 6 гола во 31 настап во Серија А, вклучувајќи ги последниот гол при 0:3 победата кај Сасуоло со кој се запечати титулата.

Scroll to Top