Top Sport

Ливерпул го продава Окслејд-Чембрлен

Фудбалскиот клуб Ливерпул одлучи да го продаде поранешниот англиски репрезентативец Алекс Окслејд-Чембрлен на крајот на сезоната, пренесуваат британските медиуми.

Окслејд-Чембрлен (28) пристигна во Ливерпул во 2017 година од Арсенал, но најмногу поради честите повреди, не ги исполни очекувањата на клупските челници и тренери.

Тој има договор со клубот до јуни следната година, но менаџерот Јирген Клоп нема да смета на него следната сезона.

Челниците на славниот англиски клуб поради тоа решија да го продадат искусниот фудбалер на крајот од сезоната, а обештетувањето за Окслејд-Чембрлен најверојатно ќе изнесува околу 10 милиони фунти.

Интерес за поранешниот англиски репрезентативец веќе покажаа Вест Хем, Њукасл и Астон Вила.

Окслејд-Чембрлен одигра 133 натпревари за Ливерпул и постигна 17 голови.

Scroll to Top