Фудбалската репрезентација на Македонија ќе започна подготовките за новиот циклус во Лигата на нации. Македонија во Ц-дивизијата, во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Групата 4 заедно со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Во Лигата на нации, во јуни, Македонија за десет дена ќе одигра четири натпревари. На страртот Македонија ќе гостува најпрвин во Бугарија (2.јуни), а потоа и во Гибралтар (5.јуни).
Потоа следуваат домашните натпревари со Грузија (9.јуни) и Гибралтар (12.јуни).
„Овие натпревари ќе ја искористиме да им дадеме шанса на сите, за да знаеме со што располагаме, за она што следува во иднина, а тоа се квалификциите за ЕП 2024. Сите учесници во оваа група се со израмнет квалитет, не би го нарекол аутсајдер ниту Гибралтар“, рече селекторот Милевски.
Селекторот повика 28 фудбалери за овие натпревари. Уште пред да го објави списокот ги ослободи од обрските Адис Јаховиќ и Аријан Адеми.
Дополнително од списокот отпаднаа капитенот Стефан Ристовски и Ердал Ракип.
„Ристовски има контузија на стапалото, станува збор за серизна повреда. Добро е што нема скршеница, туку има голем оток“, откри македонскиот селектор.
Селекторот потврди дека нема да повика други фудбалери во репрезентацијата, туку останаите 26-мина ќе бидат во конкуренција за четири натпревари во јунскиот циклус, во Лигата на нации.