Top Sport

Лукас Пакета пред трансфер на „Сент Џејмс парк“

Њукасл јунајтед, клубот со најбогатите сопственици во светот, летово ќе прави голема реконструкција на тимот. „Тајмс“ објави дека првиот фудбалер што ќе го донесе Њукасл, во летниот преоден рок, ќе биде Лукас Пакета.

Бразилскиот играч за врска има договор со Лион до 2025 година, а Њукасл за неговиот трансфер подготви 60 милиони евра. Доколку трансферот биде реализиран тоа ќе биде клупски рекорд. Во јануари, Њукасл од Лион за 50 милиони евра го донесоа Бруно Гимараеш.

Пакета, 24-годишната бразилски репрезентативец е во Лион од 2020 година. Лион му плати на Милан 20 милиони евра, 18 милиони помалку отколку што Милан година и пол порано му плати на бразилскиот Фламенго.

Во последниот преоден рок Њукасл потроши повеќе од 100 милиони евра за да го засили тимот во борбата за опстанок во Премиер лигата. Тој ги доведе Бруно Гимараеш од Лион, Крис Вуд од Барнли, Киран Трипие од Атлетико и Ден Бурн од Брајтон.

Scroll to Top