Француските фудбалери влегле на прес конференцијата на својот селектор Дешам, по освојувањето на светската титула и со шампањско го истуширале селекторот и новинарите во првите редови.
Новите светски шампиони, додека прскале со шампањот го извикувале името на селекторот. Дидие Дешам, во неделата, стана третиот во историјата што освои светска титула и како играч и како тренер.
Дешам на новинарите им рекол дека најмногу е среќен за фудбалерите, иако во финалето не играле најдобро.
„Не одигравме најдобро, но покажавме психолошка стабилност и сила и заслужено го освоивме трофејот. Навистина сум среќен поради тимот. Тие во наредните четири години ќе бидат на фудбалскиот врв“, рекол Дешан.
Француската репрезентација, в понеделник на пладне, се враќа во Париз, каде е планиран пречек на Елизејските полиња.
#FRA players just stormed the press conference chanting Didier Deschamps’ name. Raucous. pic.twitter.com/EmVEjDWNct
— Joe Crann (@YesWeCrann) July 15, 2018