Top Sport

Далиќ: Онаков пенал не се суди во финале на СП

Хрватскиот селектор, Златко Далиќ, рекол дека финалниот натпревар на Светското првенство го решил пеналот што Аргентинецот Нестор Питана, го досуди за Франција, во финишот на првото полувреме. Гризман постигна гол, а Франција стигна предност 2:1.

Аргентинецот пеналот го досуди откако ја прегледа снимката. Мислењата околу неговата одлука се поделени, но во најголем дел се дека престрого го досудил пеалот против Хрватска.

„Не знам…јас никогаш не го коментирам судењето, но сега ќе кажам само една реченица, ваков пенал не се суди во финале на светско првенство. Сепак тоа ниту малку не ја намалува победата на Франција. Ние во некои претходни натпревари имавме повќе среќа, тие ја имаа денес. На крај секогаш се постигнува некаков баланс“, рекол Далиќ.

Хрватка го освои второто место на СП и го постигна најголемиот успех во историјата,а капитенот Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на турнирот.

Scroll to Top