Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и шампионскиот пехар во првенството. „Црвено-црните“ претходно успеаја да слават на гости против Еурофарм Пелистер и во последните три кола од Суперлигата рутински го потврдија освојувањето на 15. трофеј.
Вардар и Пелистер завршуваат со идентичен број бодови, но „црвено-црните“ имаат подобар меѓусебен биланс во дуелите.
Тимот на Давид Дејвис денеска немаше проблеми против Тиквеш, се беше познато уште по првото полувреме кога вардарци обезбедија предност од 18:10.
Најефикасни на мечот беа Тимур Дибиров и Филип Талески со по десет гола.
Фото: Игор Паневски