Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на Франција, откако го победи Чехот Здењек Коларж со 6:3, 7:6, 6:7, 7:6.
Четири часа и пет минути траеше мечот меѓу Циципас и Коларж, четвртиот и 134. тенисер во светот.
На патот до победата, Циципас спаси три сет топки во вториот, а потоа уште четири во тај-брејкот од четвртиот сет.
„Ме полуде. Беше навистина фрустрирачки“, изјави Циципас по мечот.
Во третото коло на Ролан Гарос, Циципас ќе игра против Швеѓанецот Микаел Имер, кој беше подобар од Британецот Даниел Еванс со 6:3, 3:6, 6:2, 6:3.