Фудбалерите и фановите на Рома се во еуфорија. Италијанскиот клуб го освои првиот европски трофеј откако го совлада Феенорд во финалето на Конференциската лига на УЕФА.
Во Рим се уште се слави, а стрелецот на победничкиот гол, Николо Ѕаниоло со уште еден соиграч му ја „украде“ веспата на Мурињо и се возеше низ просториите на клубот.
Португалецот секако ќе му прости, со оглед дека ова се моменти на славење на „Олимпико“.