Чиле го назначи искусниот aргентински стратег Едуардо Берисо за нов селектор на фудбалската репрезентација по неуспехот на селекцијата да се пласира на Светското првенство оваа година. Берисо доаѓа на местото на Мартин Ласарте, кој беше отпуштен во април откако Чиле ќе ја завршницата на мундијалот во Катар.
Берисо (52) ја започна својата тренерска кариера како помошник на тогашниот селектор Марсело Биелса во 2007 година. Оттогаш, тој беше тренер на аргентинскиот клуб Естудијантес, Севилја и Атлетик Билбао во Шпанија, а до неодамна го предводеше Парагвај.
Неговите први натпревари на кормилото на Чиле ќе ги има следниот месец, против Јужна Кореја и против Тунис.