Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, верува дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите во саботната пресметка против Реал Мадрид на „Сент Дени“ во Париз, а тоа ќе го направи на пенали, после 2:2 во регуларниот дел од натпреварот.
Ливерпул има два огромни мотиви пред утрешната пресметка. Првиот е да му се реваншира на „кралскиот клуб“ за поразот од Киев во 2018 година, а вториот да го врати „заработениот трофеј“ што го чека трета година.
„Имам впечаток дека Ливерпул е подобар, но врз основа на она што Реал го направи оваа сезона во Лигата на шампионите, не можам да ги отпишам. Предвидувам дека во регуларниот дел ќе биде 2:2 и дека Ливерпул ќе победи на пенали“, изјави Милер.