Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 111:103 во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција. Мајами со оваа победа избегна елиминација и пред своите навивачи го обезбеди седмиот натпревар каде ќе се обиде да се пласира во финалето на НБА.
Натпреварот го одбележа маестралниот Џими Батлер. Најдобриот играч на Мајами Хит постигна 47 поени, што е негов рекорд во кариерата кога е во прашање плеј-офот.
Покрај тие 47 поени, Батлер одлично ги пополни и другите статистички колони – имаше девет скока, осум асистенции и четири украдени топки, со одличен шут од игра, 16/29.
Конечно, еден натпревар од оваа серија беше неизвесен до самиот крај, вистинскиот интензитет на плејофот беше присутен од почетокот до крајот, иако на крајот од третиот период се чинеше дека Мајами ќе успее да стекне убедлива и недостижна предност.
Бостон поведе во последната четвртина, но Мајами го врати водството и го заврши натпреварот во своја полза.
Уште еднаш треба да се истакне феноменалниот Батлер кој во четвртата четвртина постигна 17 поени.
Покрај Батлер се истакна Кајл Лари со 18 поени и десет асистенции, како и Макс Струс кој мечот го заврши со 13 поени.
На другата страна најдобар беше Џејсон Тејтум со 30 поени, девет скока и четири асистенции.
Џејлен Браун постигна 20 поени, но направи и прекршок во нападот, кој можеби го реши прашањето за победникот на овој меч.
Дерик Вајт постигна 22 поени, а Маркус Смарт 14.
Седум натпревари се играат во Мајами, в недела во 2:30 часот по средно-европско време.
Победникот од оваа серија во големото финале за титулата ќе се бори против Голден стејт Вориорс.