Top Sport

Лејкерси имаат нов тренер – Леброн му посака добредојде

Лос Анџелес Лејкерс го назначија Дарвин Хем за шеф на стручниот штаб. Пред еден месец Лејкерси му врачија отказ на Френк Фогел, Тренерот кој во 2020 стана шампион со „езерџиите“, во тековната сезона не успеа со тимот да избори место во плејофот.

Хем има 48 години и досега беше дел од стручниот штаб на Милвоки Бакс со кој лани го освои шампионскиот трофеј.

Ова ќе биде негово враќање во Лос Анџелес, бидејќи од 2011 до 2013 година беше асистент во Лејкерс, а работеше и во Атланта Хокс.

„Исклучително сум возбуден! Честитки и добредојде за тренерот Дарвин Хем!“, напиша на социјалните мрежи, најдобриот играч на Лејкерси, Леброн Џејмс.

Хем играше кошарка од 1996 до 2008 година. Еден е од оние играчи кои не биле избрани на драфтот. Кариерата во НБА ја започна во Денвер, потоа играше во Индијана, Вашингтон, Милвоки, Атланта и Детроит.

Scroll to Top