Легендарниот Зинедин Зидан (49) реши дефинитивно да ја одбие понудата на францускиот шампион ПСЖ да ја преземе тренерската позиција од Маурицио Покетино.
Тимот од Париз со сите сили се обиде да го ангажира Зидан за тренер. Во изминатиов период челниците на клубот имале неколку состаноци со него, но Зизу им се заблагодарил на понудата.
Причините за одбивањето на понудата, која според медиумите била неверојатна, Зидан не сакал да се откаже од своите принципи.
Бидејќи е роден во Марсеј, луѓето во овој град би го прогласиле за предавник бидејќи големо е ривалството помеѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ. Исто така, еден од факторите почитта што ја има Зизу кон Реал Мадрид, поради што не сакал да тренира ниту еден друг клуб.
Сепак, медиумите тврдат дека најголемата причина за одбивање на понудата е репрезентацијата на Франција. Зидан по Светското првенство во Катар веројатно ќе стане нов селектор на Франција.