Игор Тудор повеќе не е тренер на Верона. Тоа и официјално го потврдија од клубот. Двете страни постигнале договор за спогодбено раскинување на соработката.
Италијанските и турските медиуми шпекулираат дека Тудор решил да ја напушти Верона поради понудата на Галатасарај.
44-годишниот стручњак ја презеде Верона во септември минатата година од Еузебио ди Франческо. Тој заврши одлична работа, Верона го освои деветтото место и ја имаше најефикасна сезона во историјата на клубот.
„Скај Италија“ пренесува и дека Верона веќе подготвила замена за Хрватот, а тоа е поранешниот тренер на Удинезе, Габриеле Чофи. Во Верона ќе добие две годишен договор.
Чофи, во Удине би можел да го наследи Паоло Занети, кој остана без работа во Венеција на крајот на април откако испадна од Серија А.