Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти очекува поддршка од синиот дел на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите. Финалето на Лигата на шампионите, во кое Реал на Анчелоти се среќава со тимот на Ливепрул, ќе започне во 21 часот.
Анчелоти изјави дека Реал имал „многу добра сезона“, и дека неговиот тим е „блиску до голем успех“.
Покрај тоа, Анчелоти се потсети на периодт кога го предводеше градскиот ривал на Ливерпул, екипата на Евертон.
Италијанскиот тренер мина неполни две години на „Гудисон Парк“ и тој период му останал во убаво сеќавање.
“Знам дека навивачите на Евертон сигурно ќе не поддржат. Знам дека има големо ривалство на Мерсисајд. Се сеќавам на периодот поминат во синиот дел на Ливерпул и сигурен сум дека ќе ме поддржат”, изјави Анчелоти.