Францускиот тенисер Жил Симон (37) го одигра последниот меч во кариерата на домашниот Гренд слем, Ролан Гарос. Симон во третото коло, доживеа убедлив пораз од Марин Чилиќ со 6/0, 6/3, 6/2.
„Знаев дека ова е посебен ден за Симон, дури и го прашав во соблекувалната пред да излеземе на теренот дали се повлекува од овој турнир, ми олесна кога ми кажа дека ќе продолжи да игра до крајот на годината“, рече Чилиќ.
Симон пред два дена ја заележа 500.победа во кариерата. Тој е третиот француски играч, по Ришар Гаске и Гаел Монфис, со вакво остварување.
Чилиќ во осмина-финалето ќе игра против Данил Медведев.