Top Sport

Маркез утре ќе ја заврши сезоната, мора да оди на операција

Шпанскиот мотоциклист Марко Маркез ќе ја заврши сезоната по трката во Муѓело, беше потврдено на прес-конференцијата одржана по квалификациите во саботата. Возачот на Репсол Хонда ќе мора да оди на операција, бидејќи се мачи со повреда на раката.

„Како што се сеќавате, Марк беше опериран пред 18 месеци и оттогаш има долг процес на опоравување и напорна работа со лекарите во Мадрид. За жал, позицијата на мотоциклот не е она што тој сака да ја има за време на тркачкиот викенд. По консултација со лекарите, во петокот добивме информација дека операцијата може да се изврши, дека е можно тоа да се направи сега и затоа Марк ќе ја заврши сезоната по оваа трка. Сметаме дека ова е правилната одлука за сите“, изјави Алберто Пуѓ.

Маркез повторно доживеа пад на квалификациите во Муѓело, во еден момент гореше неговиот мотор. Тој кажа дека целта му е да биде целосно подготовен за сезоната 2023.

Засега не се знае кој ќе го замени Маркез во тимот на Репсол Хонда. Алберто Пуѓ истакна дека допрва ќе одлучи за тоа, бидејќи веста за здравствената состојба на Шпанецот стигна во петокот.

Scroll to Top