Top Sport

Јане Велковски, на покана на УЕФА, го следеше во живо финалето на ЛШ

Eден од најверните навивачи на македонската фудбалска репрезентација, малиот херој Јане Велковски, доби покана од УЕФА да биде дел од финалето на Лигата на шампионите во Париз и да го следи дуелот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Тој беше учесник во рекламните спотови на УЕФА за „Equal Game“, а доби огромно изненадување од Европската куќа на фудбалот да го следи во живо финалниот натпревар во елитното европско клупско натпревар.

Scroll to Top