Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко побара ФИА „драстично“ да го казни Шарл Леклер, откако тој не беше мерен според правилата во квалификациите за Монако ГП.
Домашниот фаворит, кој ќе стартува денеска од пол-позицијата, мораше да биде вратен во боксот од страна на неговите механичари бидејќи не замина на задолжителното мерење во текот на втората квалификациска сесија. Ферари инсистираа дека ништо на болидот не било модифицирано пред да се изврши мерењето, а стјуардите решија да не го испитаат инцидентот.
„Ако го казнувате ова постојано, како во јуниорските класи, тогаш мора да има драстична казна. Тој само помина. Не го сменија болидот, но според регулативите, мора да има казна. Не му го посакувам тоа бидејќи имаше лоша среќа во Монте Карло, но правилата се јасни. Официјално нема да побараме казна, но правилата се тие“, вели Марко.
Ф1 возачите мораат да застанат на вагата на ФИА која се наоѓа на влезот во боксот, но Леклер тврдеше дека панелот е тешко забележлив кога се вози бргу.
Helmut Marko on Charles Leclerc missing weighbridge:
"If you punish this consistently, then there will be a drastic penalty. I don't wish it on him because he's had so much bad luck in Monte Carlo, but I don't think you can say that pushing back will solve this offence." #F1 pic.twitter.com/6PDBXA2eUn
— PlanetF1 (@Planet_F1) May 29, 2022