Спартак Москва по четврти пат ја освои титулата од Рускиот куп по драматичната 2:1 победа над Динамо Москва на „Лужники“ во Москва.
Александер Собољев ги донесе Спартак во водство по само 10 минути игра по асистенција н Михаил Игњатов, но во второто полувреме, Динамо израмни преку Арсен Захарјан. Победничкиот гол го постигна Холанѓанецот Квинси Промес на 15 минути пред крајот, но драмата беше оставена за последните минути – во 99. Минута беше досуден пенал за Динамо, но Данил Фомин успеа да промаши.
Ова е прва титула од Купот за Спартак од 2002/03, но нема да донесе европски фудбал, бидејќи руските клубови беа исфрлени од сите натпреварувања од страна на УЕФА.