Top Sport

Ливерпул на славеничка парада по помалку од 24 часа од поразот во финалето на ЛШ!

Навивачите на ривалските клубови на Ливерпул се потсмеваа со англискиот клуб, откако денеска беше организирана парада со автобус со отворен покрив на улиците на градот, помалку од 24 часа по болниот 1:0 пораз од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.

„Црвените“ во автобусот ги имаа двата трофеи кои тимот на Јирген Клоп ги освои оваа сезона, ФА купот и Карабао (Лига) купот, а на автобусот беше и женскиот тим кој ја прослави лигашката титула и влегувањето во првата лига.

Scroll to Top