МЗТ Скопје Аеродром ќе ја брани титулата во македонскиот шампионат, откако во СРЦ „Кале“ стигнаа до 92:82 победа над ТФТ Скопје за одмазда за поразот во финалето на Купот на Македонија и 2:0 победа во полуфиналната серија.
ТФТ успеаја да дојдат до рано водство, поведувајќи со 27:21, па со 36:26, пред да се разбудат „металците“ и да вратат со серија за израмнување на 36:36. Откако го преземаа водството, МЗТ не дозволија изененадувања и до крајот на мечот успеаја да се одвојат и да стигнат до двоцифрена предност.
На тимот на Александар Петровиќ, сега му останува да го чека противникот во финалната серија, откако претходно Еуро Никел ги победи Пелистер со 90:89 за приморување на „мајсторка“ која се игра во вторник.
Фото: КФМ