Играчот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез, поради проблеми со визата не отпатувал со клубот на турнејата во САД.
Јунајтед на американската турнеја ќе одигра пет натпревари, на кои Санчез веројатно нема да настапи. Клубот потврдил дека Чилеанецот не е со екипата поради „лични административни проблеми“.
Според британските медиуми, тој не добил воза за влез во САД, поради проблемите со неплаќањето на данок, што ги имаше во Шпанија.
Обвинувањата дека не плати данок во Шпанија се од сезоната 2012/2013, во тој период Санчез играше за Барселона.
Подоцна тој се спогоди со шпанските власти, ја уплати сумата што ја должел и прифатил 16-месечна затворска казна. Чилеанецот не ја одлежа казната бидејќи таа била помала од две годишна казна.
Манчестер јунајтед во САД ќе игра против Клуб Америка, Санта Клара, ЛА, Детроит и Мајами.