Top Sport

Инцидент во „Пионир“ – Играчите на Црвена звезда застанаа во одбрана на колегите од Партизан

Вториот натпревар од финалето на плејофот меѓу Црвена звезда и Партизан заврши со големи инциденти, по завршувањето на натпреварот. Црвена звезда во драматична завршница победи со 85:81, води во серијата со 2:0 и уште една победа ја дели од одбрана на трофејот во АБА лигата.

Бурно беше во текот на целиот натпревар помеѓу Црвена звезда и Партизан, а тензиите кулминираа на крајот.

Еден од тренерите во стручниот штаб на Партизан имаше што да и каже на публиката зад својата клупа, на што домашните навивачи веднаш реагираа, на теренот од трибините беа фрлани разни предмети. Ситуацијата дополнително ескалираше кога во метежот се влезе центарот на Партизан, Матијас Лесор.

Тогаш неспортски реагираше уште еден поранешен играч неговиот соиграч Кевин Пантер, кој им покажа среден прст на навивачите. Пантер и Лесор се поранешни играчи на Црвена звезда.

Лесот се стрча кон публиката, сакајќи физички да се пресмета со некого, за среќа по нешто повеќе од две минути се се смири.

Кошаркарите на Црвена звезда имаа голема улога во смирувањето на тензиите, Лука Митровиќ прв застана на влезот во тунелот, спречувајќи ги неговите навивачи да продолжат да фрлаат со разни предмети кон играчите на Партизан.

Големи проблеми имаше и во текот на натпреварот во режија на навивачите на Црвена звезда. Жељко Обрадовиќ, беше навредуван исто како и во првиот натпревар, а овојпат навредуван беше и спортскиот директор Зоран Савиќ, поради што натпреварот неколку пати беше прекинуван.

Третиот натпревар од финалната серија, во кој домаќин ќе биде Партизан , ќе се одигра во среда.

Scroll to Top