Рафаел Надал, по драматичната победа во пет сета над Феликс е-Алијасим, избори пласман во четврт-финалето на Ролан Гарос, каде го чека бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ.
На прес-конференција, Надал го најави дуелот со големиот ривал, Ѓоковиќ. Мечот треба да се игра утре во 12 часот.
„Се надевам дека ќе се чувствувам добро за да можам да тренирам пред натпреварот. Не сум играл против Ѓоковиќ една година, предизвикот е голем. Победи на последните девет меча, го освои Рим и сигурно ќе има голема самодоверба Знам каква е мојата здравствена состојба и прифаќам. борба, не можам да се жалам, стигнав до четвртфиналето. Не мислев дека ќе бидам во втората недела на Ролан Гарос. Мечот со Ѓоковиќ може да ми биде последен на Ролан Гарос, би сакал да се игра во текот на денот. Поминав низ многу компликации на стапалото и не знам што ме чека, секој меч може да ми биде последен. Се обидувам да продолжам да го живеам сонот да играм тенис, па што биде нека биде“, рече Надал.
Утрешниот меч ќе биде 59. помеѓу Надал и Ѓоковиќ, Србинот води со 30:28.